Услови за купување
Последно ажурирање: [22.03.2025]
Овие услови за купување ги регулираат правилата и условите под кои се врши купувањето и испораката на производите преку веб-страницата biocorner.mk. Со поставување на нарачка, клиентите се согласуваат со овие услови.
1. Начин на плаќање
Во моментов, Bio Corner прифаќа само готовина при достава (COD).
2. Достава
- Доставата се врши преку Bpost.
- Времето за испорака е од 1 до 3 работни дена, во некои случаи може да потрае и до 5 работни дена, во зависност од ситуацијата и локацијата.
- Цената за испорака е 130 денари фиксно, за нарачки над 3.000 денари доставата е бесплатна.
- Пратките се пакуваат дискретно за да се заштити приватноста на клиентите.
3. Политика за враќање и рефундирање
- Клиентите можат да го вратат производот во рок од 10 дена, доколку е неотворен и во оригинално пакување.
- Производот треба да се врати преку карго сервис на адресата дадена при контакт со нашата поддршка.
- За враќање или рефундирање, клиентите треба да не контактираат на biocorner.mk@gmail.com или 070 754 400.
4. Откажување на нарачка
- Нарачката може да се откаже во рок од 1 час од нејзиното поставување.
- За откажување, клиентот треба да контактира на телефон 070 754 400.
5. Корисничка поддршка
За сите прашања, поддршка или рекламации, можете да не контактирате преку:
- Телефон: 070 754 400
- Е-пошта: biocorner.mk@gmail.com
- WhatsApp & Viber: +389 70 754 400
- Facebook и Instagram страници: Bio Corner
Со извршување на нарачка, клиентот потврдува дека ги прочитал и ги прифаќа овие услови за купување.